Тимот на Пеп Гвардиола игра одлично оваа сезона, а каталонскиот стратег утрово доби уште една убава вест. Лекарскиот тим на „граѓаните“ процени дека Габриел Жесус е комплетно рехабилитиран од повредата и може да тренира со остатокот од тимот. „Габриел ќе ни се приклучи денес. Не знам кога ќе биде спремен за натпревари, но ова е секако одлична вест“, изјави Гвардиола. …