Затвореник во битолскиот затвор утрово пронајден обесен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во 6 часот утрово, во затворот во Битола беше пронајден обесен затвореник, пренесуваат надлежните служби од ресорното министерство.

54-годишниот И.Д. бил пронајден обесен од страна на вработен во затворот, а откако дошла Брзата помош, лекарот констатирал смрт.

Телото на починатиот е дадено на обдукција од страна на Јавен обвинител. Увидот е во тек.