Home Шоубизнис Џереми Ренер во Рим со 13-годишната ќерка Ава: Ретко заедничко појавување на црвениот тепих

Џереми Ренер во Рим со 13-годишната ќерка Ава: Ретко заедничко појавување на црвениот тепих

Џереми Ренер и ќерката Ава на филмскиот фестивал во Рим

Џереми Ренер поминува време со својата ќерка во Италија. Актерот, познат по улогата во „Хокај“, во петокот, на 23 октомври, се појави со 13-годишната Ава Ренер на 24. издание на филмскиот фестивал „Аличе нела чита“ во Рим.

За 55-годишниот актер и неговата ќерка ова беше ретко заедничко појавување во јавноста. Тие позираа пред фотографите на две локации, а за секое појавување избраа различна облека.

Во „Аудиториум Парко дела музика“, Ренер носеше сив костум, а додека позираа, ја бакна ќерка си во главата. Ава беше облечена во црна блуза со долги ракави и лелеаво бледорозово здолниште.

На фотографирањето во театарот „Систина“, актерот се појави во темен костум, додека Ава носеше син сатенски фустан со откриени раменици.

Џереми и Ава Ренер во театарот Систина во Рим

Ренер гостуваше на фестивалот за да зборува за своите мемоари „Мојот следен здив“, во кои го опишува закрепнувањето по несреќата со машина за чистење снег во јануари 2023 година, во која за малку ќе го загубеше животот.

Актерот беше тешко повреден кога машината го прегази додека се обидувал да го заштити својот внук. Се здоби со десетици скршеници и за време на закрепнувањето беше подложен на повеќе операции.

Ренер и претходно истакнуваше колку Ава му помогнала да го преброди тој период. Тој објасни дека татковството му дало силна причина да продолжи да се бори.

Џереми Ренер со ќерката Ава во Аудиториум Парко дела музика

На фестивалот ја доби и Специјалната награда на младинското жири, а одржа и мастерклас на кој се осврна на својата кариера.

Таткото и ќерката ретко се појавуваат заедно во јавноста, иако Ава низ годините го поддржувала на неколку големи настани. Таа напишала и есеј за неговите мемоари, а прочитала и дел од аудиокнигата.

Според „Пипл“, Ренер објаснил дека се труди да ја заштити приватноста на ќерка си, па понекогаш ѝ го покрива лицето со емотикон на фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.

„Морам да го заштитам моето девојче“, изјавил тој.

За време на фестивалот, Ренер беше прашан и дали би режирал филм за својата несреќа и закрепнувањето. Како што пренесува „Ентертејнмент викли“, тој објаснил дека попрво би го поминал тоа време со Ава, отколку да посвети години на самостојно режирање на филмот.

Ренер ја има Ава од бракот со поранешната сопруга Сони Пачеко.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Актерите од „Рејнмејкер“ најавуваат поголема и поинаква втора сезона

„Рејнмејкер“ се врати со втора сезона која се разликува од првата. Мајло Калахан вели дека…