Најмалку 80 повредени и 50 загинати, од кои 29 деца, е црниот биланс од најновите воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија против иранските бунтовници Хути, кои беа извршени врз училишен автобус, кој пренесувал деца во летен камп. Повеќето од жртвите се помлади од 10 години. „Со што заслужија вакво нешто овие деца?“ праша еден од сведоците на нападот. …