Хорор во Јемен: Во воздушен напад на училишен автобус убиени 29 деца

Најмалку 80 повредени и 50 загинати, од кои 29 деца, е црниот биланс од најновите воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија против иранските бунтовници Хути, кои беа извршени врз училишен автобус, кој пренесувал деца во летен камп. Повеќето од жртвите се помлади од 10 години.

„Со што заслужија вакво нешто овие деца?“ праша еден од сведоците на нападот.

„Американски бомби. Американски систем за целење. Американска воздушна поддршка. Само што бомбардиравме УЧИЛИШЕН АВТОБУС“ изјави на твитер американскиот сенатор од Конетикат, Крис Марфи

“Тие не беа ирански експерти. Тие беа деца; не носеа балистички ракети“ изјави сопственикот на локалниот ресторан. Ова беше потврдено од Црвениот Крст.

Се очекува бројката на жртви да порасне, бидејќи голем дел од ранетите се во критична состојба. Дополнително, коалицијата помеѓу САД и Саудиска Арабија спроведува блокада врз северен Јемен на лекови и медицинска опрема и намирници, што дополнително ја отежнува ситуацијата.

Саудиската Новинарска Агенција изјави дека „бомбардирањата се во согласност со меѓународното и хуманитарно право“. Официјалниот потпарол на Ансар Алах, шиитската организација на хутите, изјави дека соопштението на СНА е „абсурдно и морално дно“.