Вебкафе

И Естонија е за укинување на летното сметање на времето

Владата на Естонија ја поддржува идејата која ја покрена Финска за укинување на праксата за поместување на часовникот напред во текот на летото, што е вообичаено во Европската Унија, но уште не е одлучено кое време би сакала да остане трајно.

Министерот за економија на Естонија, Кадри Симсон, вели дека праксата за поместување на часовникот за еден час е застарена покрај рапидните технолошки промени и дека аргументите за тоа повеќе не се валидни, пренесува АП.

Естонската влада исто така, ги цитираше здравствените студии кои го поддржуваат тој потег, иако за усвојување на тоа барање неопходна е поддршка на повеќе членки на ЕУ, кои мораат сите заедно да ја направат промената.

Финска во јануари соопшти дека ќе покрене иницијатива за укинување на поместувањето на часовникот за еден час, откако за тоа се изјаснија повеќе од 70.000 нејзини граѓани.

Advertisements
To Top