“`html
Ако сакаме да бидеме искрени, мораме да признаеме дека летото дефинитивно ни е едно од омилените годишни времиња, но главно поради сезоната на годишни одмори. Кога сте во градот на топлото, прилично е тешко да уживате.
Особено овие денови кога температурата е висока, мора паметно да размислувате и да создадете изглед кој ќе ви помогне да се справите со високата температура. Во продолжение, издвоивме неколку модни совети кои вреди да се знаат.
СОВЕТ ЗА СТИЛИЗИРАЊЕ БР. 1
Вашата главна грижа за овие топли летни денови треба да биде изборот на облека од лесни ткаенини. Ткаенини како лен, свила и памук се идеални за топло време, бидејќи се многу впивливи, овозможуваат кожа да дише, а истовремено имаат и антибактериски својства.
СОВЕТ ЗА СТИЛИЗИРАЊЕ БР. 2
Еднакво е важно да преферирате облека во светли нијанси како бела или беж и секако да ја оставите облеката во темни нијанси како тегет или црна во орманот, бидејќи тие привлекуваат сончевите зраци и го прават чувството на топлина уште посилно.
ДОДАТЕН СОВЕТ
Мини, миди и макси, еднобојни или со дезен, фустаните се едно од најелегантните решенија за справување со топлината без да го загрозите личниот стил. Дадете предност на воздушни фустани со лежерен крој кои ви овозможуваат слобода на движење и не се лепат за телото, со цел да се чувствувате што е можно поудобно во текот на денот.
Во галеријата погледнете предлози кои ќе ве инспирираат и ќе ви овозможат да уживате во летото.
“`