Владиниот авион кој го користи канцеларката на Германија, Ангела Меркел, со кој таа требаше да стигне во Буенос Аирес на Г20 самитот, вчера вечерта принудно се приземји во Келн. На Airbus А340, како што се вели во соопштението, комплетно откажал системот за комуникација. Поради тоа, леталото кое тргна од Берлин, мораше да слета принудно по нешто повеќе од еден час …