Нова научна теорија: Исус, всушност, бил антички грчки филозоф


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исус Христос не бил Евреин, туку Грк, тврди новата научно-истражувачка теорија претставена во новиот документарен филм на „Amazon Prime“. Во овој документарец се тврди дека античкиот грчки филозоф и религиски проповедник Аполониј Тијански, всушност, е синот Божји.

Во документарецот се тврди дека Исус го замениле со овој грчки филозоф кој живеел во исто време со Христос. Описите на животот од Исус и чудата кој тој ги правел во Новиот завет можеби се погрешно протолкувани. Нив, како што се наведува во филмот, ги правел Аполониј Тијански.

„Меѓу нив постои впечатлива физичка сличност и постојат повеќе докази дека Аполон Тијански постоел“, се тврди во документарецот со наслов „Библиски заговори“. Во него, всушност, се сугерира дека Исус би можел да биде Аполониј.

Во филмот не се негира дека Исус постоел како историска личност, туку само дека личноста која се опишува во Новиот завет би можела да биде Аполониј.

Аполониј Тијански е роден во 3 или 4 година пред новата ера, во Централна Анадолија. И Исус и Аполониј биле проповедници и правеле чуда во првиот век од новата ера. И двајцата имале долги бради.

Филмот објаснува дека Аполониј се истакнал во јавноста така што правел чуда и собирал следбеници – на сличен начин како што тоа го правел Исус. Тој бил ученик на Питагора, се одрекол од јадењето месо, пиењето вино и од жените. Не носел обуки, а имал долга брада и коса.

„Набрзо станал реформатор и се населил во храмот на Асклепиј“, се вели во документарецот. Римскиот император Аврелиј дури и се заколнал дека ќе подигне статуа во негова чест.

„Наводно ги враќал во живот мртвите и на луѓето им зборувал работи кои тогаш тие не можеле да си ги замислат. И за разлика од Исус, постојат докази кои докажуваат дека Аполониј вистински постоел“, наведува филмот.

Реакциите на овој документарец, очекувано, не беа добри. Многумина коментираа дека во него, всушност, на ниту еден начин не се докажува дека Исус бил Аполониј.

„Документарецот само пробува да фрли сомнеж врз Библијата, без никакви историски докази или интервјуа со истакнати и доверливи експерти, сето е тоа само чиста претпоставка“, пиша еден гледач.