Home Актуелно После вработувањето на синот во ЕЛЕМ – и братот од пратеничката Стојчевска вработен во РЕК Битола

После вработувањето на синот во ЕЛЕМ – и братот од пратеничката Стојчевска вработен во РЕК Битола

Откако јавноста ја изреволтира новото непотистичко вработување на синот од пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, во ЕЛЕМ, вработување за кое таа тврдеше дека ниту влијаела ниту знаела за истото, сега е вработен и нејзиниот брат, но тој во РЕК Битола, пренесува Макфакс.

Вработувањето на братот од Мира „Дизел“, како што ја нарекуваат пратеничката на социјалните мрежи поради тоа што имаше инкасирано највисок надоместок од патни трошоци, доаѓа истовремено со вработувањето на нејзиниот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ, на што јавноста реагира дека СДСМ си ги вработува семејствата на најпрофитабилните места.

Од „Макфакс“ пренесуваат дека побарале изјава и објаснување за овој случај лично од Стојчевска, која им рекла: „Тој си е фамилијарен човек, јас стварно не знам. Го барав, не ми се јави“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…