Триесетина професори упатија повик до јавноста да ја поддржат кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија. Според нив, сега не е време за нормален политички натпревар и како единствена рационална алтернатива се наметнува обединувањето зад личност, зад кандидат што со целиот свој животен и академски хабитус, морал и интегритет, се издигнал над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети. …