Локално

Вчера започна првото издание на урбаниот фестивал Андерфест

Фестивалот се одржува во просториите на Public Room (Јавна Соба) во Скопје и ќе трае до недела 07.04.2019 год.

На првата вечер од фестивалот присуствуваа околу 200-250 луѓе кои имаа можност да видат седум извонредни настапи на еден поинаков фестивал кој за прв пат на исто место во три дена собира преку 40 артисти од македонската алтернативна сцена.

Се беше добро и навремено организирано па првиот настап на кратовчаните Илузија започна во закажаниот термин во 20:15 часот со што официјално беше отворено првото издание на Андерфест. Младите кратовчани енергични како и секогаш достојно го отворија фестивалот.
По нив на сцената на Андерфест настапија Sincrest кои со одличен настап ја размрдаа публиката.

Наредни настапија легендарните скопски рокери Cruel/Крул кои после 19 години повторно настапија на сцената на огромно задоволство на публиката која во голем број дојде токму за да го проследи овој нивен настап.

Арт рокерите Фуснота продолжија со истата енергија и уште пожесток ритам да ја држат публиката. Тетовскиот инди рок состав Keurdath беше следен за настап на сцената. Нивниот настап ја доведе публиката до лудило а харизматичниот фронтмен Spatim беше во постојана комуникација и интеракција со публиката што допринесе овој настап да биде запамтен како еден од подобрите таа вечер.

Визија беа следни. Професионални како и секогаш, одлични инструменталисти и вокалисти им се претставија на публиката во одлично светло со својот бест офф репертоар. Публиката ги пееше нивните песни, а на крајот беа повикани на бис со што го заокружија својот одличен настап.
Првата вечер имаа чест да ја затворат КАИН со прекрасен настап. Извонреден мелодечен рок ја понесе публиката која можеше само да посакува оваа вечер да траеше повеќе.

Подолу ви ја презентираме комплетната програма по денови со сите учесници и саатниците за сите настапи денес и утре:
Повеќе за настанот и настапите кликнете на официјалната страна на фестивалот АНДЕРФЕСТ

САБОТА 06 април 2019

15:50-16:15 – Beatrix Crew
16:25-16:55 – Credo
17:05-17:35 – Roma Rock School
17:45-18:00 – Јована Здравевска
18:10-18:15 – Марија Бабамова
18:15-18:20 – Каја Дукоска
18:20-18:25 – Деспина Спасовска
18:25-18:30 – Ени Анжич
18:30-18:35 – Ема Смилевска
18:35-18:40 – Ангел Јунтев
18:40-18:45 – Драгана Јовановска
18:45-18:50 – Мина Блажев
18:50-18:55 – Сара Гигова
18:55-19:00 – Марија Спасовска

19:15-19:45 – AleX & MazneX
19:55-20:25 – Vlado ‘Yo
20:35-21: 05 – The Hood
21:35-22:05 – Reinconnected
22:15-22:45 – Misanthrope
22:55-23:25 – High Voltage
23:35-00:05 – Sound Waves
00:15-00:45 – Фосфен

НЕДЕЛА 06 април 2019

16:00-16:25 – Eat the Beat
16:30-17:10 – Гитара Пет
17:10-17:50 – Music House Band

18:00-18:30 – Replay
18:30-19:10 – Анастас Китановски
19:10-19:40 – Kenny the Heartist
19:40-20:10 – Orange Groove
20:10-20:45 – Bad Obsession
20:45-21:30 – Зулу 3.4
21:30-22:20 – Minstrell’s Gallery
22:20-23:00 – Soundedge
23:00-23:45 – The Mole Pack

Advertisements
To Top