Двегодишното синче на Роналдо го воодушеви светот (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо објави домашно видео на кое се гледаат фудбалските вештини на неговиот помлад син Матео, кој има само две години.

Постариот син на португалскиот ас, Кристијано Јуниор, веќе ги покажува своите фудбалски вештини во фудбалската академија на Јувентус.

Но ова видео е доказ дека и помладиот син на Роналдо, Матео ги наследил фудбалските гени на својот славен татко.

Иако уште нема полни две години, малиот Матео одлично шутира и го воодушеви целиот свет.

https://youtu.be/t6FkvymrvAo

Роналдо ги доби близнаците Матео и Ева со сурогат мајка на 8 јуни, 2017 година во САД, а од врската со моделот Георгина Родригез ја има ќерката Алана Мартина која се роди истата година на 12 ноември.