Интер му даде „корпа“ на Мурињо и го избра Конте!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо беше отворен за враќање на кормилото на Интер, но раководството на „нероаѕурите“ на чело со Бепе Марота не го сака Португалецот.

Имено, миланскиот гигнат за следен тренер го избра Антонио Конте и веќе почна да договара список засилувања со италијанскиот стратег.

Што и да направи Лучијано Спалети со Интер до крајот на сезоната, готово е сигурно дека ќе добие отказ, а италијанските медиуми тврдат дека негов наследник ќе биде Антонио Конте.

Мурињо сакаше да се врати на „Џузепе Меаца“ и остварил контакт со челниците на Интер. „Специјалниот“ нема многу опции за продолжување на кариерата, во Англија ја затвори вратата за големите клубови. Реал Мадрид го избра Зидан, додека ПСЖ се чини и следната сезона ќе продолжи со Томас Тухел.

Поради тоа Португалецот беше отворен да се врати во Интер, па дури и да ги намали своите примања, но „нероаѕурите“ му дадоа „корпа“ и го избраа Антонио Конте.

Конте наводно веќе имал неколку средби со директорот Марота на кои ги договориле сите детали од соработката, па дури и списокот на засилувања за наредната сезона.

Имено, Конте дал зелено светло за продажба на Икарди и Перишиќ, но да бидат донесени адекватни замени. Покрај Годин, кој сигурно доаѓа во Интер, Конте бара еден врвен играч за врска, а на листата се Крос, Ракитиќ, Милинковиќ-Савиќ и Берела.

Един Џеко би требало да биде замена за Икарди, додека ѕвездата на ПСВ, Стивен Бергвајн е посочен како идеална замена за Перишиќ.