Најмалку 30 загинати лица, фудбалски навивачи, е црниот биланс од самоубиствениот напад во нигериското село Кондуга, лоцирано во областа Борно, на североистокот од Нигерија. Нападот се случил додека во селската сала следеле телевизиски пренос од натпревар, пренесе Би-би-си. Во тројниот самоубиствен напад, бомбаши-самоубијци активирале експлозив пред селската сала. Во нападот покрај десетиците мртви, повредени се и четириесетина, пренесува Макфакс. Експлозивот …