Home Актуелно Австрискиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Австрискиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, утре, 7 октомври, ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Шаленберг ќе биде пречекан од својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, додека во рамки на посетата ќе се сретне и со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

„На средбите се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, како и за европската перспектива на нашата земја. Исто така ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања“, соопшти МНР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…