Home Актуелно Швеѓаните просечно годишно заработуваат по 26.500 евра

Швеѓаните просечно годишно заработуваат по 26.500 евра

Секој шведски државјанин кој работи, годишно заработува просечно по 287.000 илјади круни или 26.560 илјади евра што е по околу 2.200 евра месечно, објави шведската Агенција за статистика.

Сепак, приходот значително варира помеѓу градовите во земјата, пренесува „Макфакс“.

Во соопштението на Агенцијата се вели дека најголема плата е забележана во Дандерид, предградие на Стокхолм, каде лани граѓаните во просек заработувале по 383.990 круни годишно или 35.530 илјади евра.

На врвот на списокот се предградијата Таби, Лома, Нака, Никварн и Лидидо, од кои повеќето се наоѓаат во близина на главниот град Стокхолм.

Во соопштението се наведува дека мажите продолжуваат да заработуваат многу повеќе од жените, но јазот во приходите полека се намалува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…