Миланскиот гигант Интер денес и официјално го потврди трансферот на Диего Годин, кој доаѓа како слободен играч од Атлетико Мадрид. Искусниот Уругваец потпиша договор со „нероаѕурите“ до до 30 јуни 2022 година и сигурно ќе биде големо засилување за Антонио Конте. Интер со специјално видео го најави неговото доаѓање и објави: „Има нов шериф во градот“.