Њујоршки Гинисов рекорд во категоријата „Најголем хот дог на светот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во центарот на Њујорк беше поставен нов Гинисов рекорд во категоријата за најдолг хот дог на светот со сендвич тежок 30 килограми и долг околу 1,5 метри.

Овој рекордерски хот дог од њујорчани беше направен во чест на 152 годишнината од постоењето на популарниот сендвич, што го измислил Чарлс Фелдман.

Огромниот хот дог, измислен на Кони Ајленд, во ценатрот на градот беше измерен за да го освои Гинисовиот рекорд, потоа расечен и продаден, а парите се наменети за хуманитарна цел.

Парите од продажбата на најголемиот хот дог, што се продаваше по 10 долари од парче, ќе бидат наменети за лекување на психичките проблеми на погодните од терористичкиот напад на 11 септември 2001 во Њујорк.