Home Вебкафе Жестока винска битка со 70.000 литри вино – вака изгледа тоа (видео)

Жестока винска битка со 70.000 литри вино – вака изгледа тоа (видео)

Една од најлудите и најпопуларни забавни манифестации во Шпанија е Винската битка која се одржува во градот Харо, областа Риоха.

Организаторите велат дека целта е „најбрзо што можете комплетно да го натопите вашиот сосед со вино“.

Откако рано утрото се одржува миса, почнува да свири музика и учесниците се прскаат сè додека не снема вино (на располагање се 70.000 литри).

Меѓу правилата за учесниците: мора да се облечени во бело, со црвен појас; може да користат водени пиштоли наполнети со вино, градинарски распрскувачи или кофи; и во ниту еден момент за време на битката не смее да престанат да се смеат и да пеат.

Илјадници луѓе од лозјата на Харо и шумите излегуваат натопени од глава до петици. Настанот се одржува за да се прослави Свети Петар и обилното производство на вино во регионот. Се завршува со голем ручек.

Фестивалот привлекува претежно млади посетители, дури и од Австралија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…