Под полициска придружба, утрово, уапсената и притворена шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, замина за Гевгелија, за да присуствува на погребот од нејзината мајка која почина вчера утрото, пред Јанева да биде уапсена. Јанева заминала за Гевгелија со одобрение на судија на претходна постапка, кој синоќа и одреди 30-дневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. …