Ја засени елитата: Ирина Шајк во заводливо издание на „Бело Кабаре“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На модната ревија ,,Бело Кабаре” на италијанскиот машки и женски бренд за долна облека, која се одржа во италијанскиот град Верона, во првиот ред од елитните гости се најде и планетарно популарната манекенка Ирина Шајк.

Шејк седеше во првиот ред облечена во црна проѕирна комбинација –фустан со длабоко деколте и црни чизми со високи потпетици.

Шејк присуствуваше на шоуто во друштво на американската актерка Сара Џесика Паркер (54), која на шоуто носеше црн комбинезон со проѕирни ракави. На манекенката и на актерките им се придружи италијанската модна креаторка, Кјара Ферагни (32).

Руска манекенка неодамна изјави за списанието People дека се справува со деловните и семејни одговорности. „Понекогаш работите се појавуваат и сакам да реагирам како Русинка. Мајка ми еднаш ми рече едно нешто и јас сè уште се сеќавам на тоа.„ Што и да се случи во животот, запомни дека мора да останеш дама “, изјави Шејк. Таа додаде дека се чувствува среќна што сепак може да работи во индустрија полна со предизвици.

“Мислам дека жените се како добро вино – тие стануваат подобри со возраста, но исто така и попаметни за да донесат подобри одлуки. Мислам дека жената треба да се чувствува како да не старее. Сето тоа зависи од тоа како се справувате со животот и каков вид енергија пренесувате.“, изјави Ирина.

Во јуни годинава, Шејк ја прекина врската со 44-годишниот американски актер Бредли Купер („Sвездата е родена“) со кого има ќерка, Леу де Син (2). Двојката, наводно, има добри односи и успешно ги извршува своите родителски задачи.

Манекенката изјави дека не брза да најде нов партнер, а на пријателите им кажа дека не е подготвена повторно да оди на љубовни средби.