Комисијата за антикорупција донесе одлука да поведе прекршочна постапка против десет обвинители кои работеа во бившото Специјално јавно обвинителство заради непријавување дополнителните надоместоци. „Комисијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба …