Home Актуелно Прекршочни пријави од Антикорупциска за дел од обвинителите на СЈО

Прекршочни пријави од Антикорупциска за дел од обвинителите на СЈО

Комисијата за антикорупција донесе одлука да поведе прекршочна постапка против десет обвинители кои работеа во бившото Специјално јавно обвинителство заради непријавување дополнителните надоместоци.

„Комисијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ“, – информираа од Антикорупциска.

Според Законот за спречување корупција и судир на интереси (ЗСКСИ), тие се должни да пријават ако дополнителните приходи надминат вредност од 20 просечни плати.

Обвинителите за кои антикорупционерите одлучиле да поведат постапка се: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев. Трајче Пеливанов, Артан Ајро, Љубомир Лапе.

Меѓу нив не е обвинителката Ленче Ристоска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…