Филипче порача: Животот полека ќе се враќа во нормала кон крајот на април


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


До вчерашниот ден, во Македонија, беа регистрирани 46 нови случаи на коронавирус, а бројот на починати достигна 30 луѓе. Ограничувачките мерки ќе се укинуваат постепено, а подготовките за тоа ќе започнат следната недела, пренесува Дојче Веле.

Граѓаните можат да очекуваат постепено олеснување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот откако ќе се достигна пикот на заразата, веројатно кон крајот на април, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на заразени од Ковид-19 во Македонија, до вчерашниот ден, достигна 663 лица, откако официјално беа регистрирани 46 нови случаи. Најголемиот број- 13 се од Куманово, а во Скопје има 12 нови случаи. Досега од болеста починале 30 луѓе.

Филипче вели дека за околу една-петина од сите заразени со коронавирусот во земјата не може да се најде изворот и тоа го објаснува со фактот што многу од нив се асимптоматични. Тоа е и причината, тврди министерот, што се воведени и толку строги мерки за социјална дистанца и ограничување на движењето.
Велигденските и други верски празници во следните недели, граѓаните, сепак ќе мора да ги поминат во своите домови. Филипче најавува дека од следната недела ќе започнат подготовки за олабавување на полицискиот час и враќање на животот во нормала.

„Се подготвуваме и за периодот, тогаш кога ќе дојде согласно бројот на новодијагностицирани пациенти за кои, искрено се надевам, согласно предвидувањата некаде на крајот на април да го достигне врвот, постепено животот да се врати во нормала“, рече Филипче. Тоа сепак нема да се случи преку ноќ, туку ограничувањата ќе се укинуваат постепено, а притоа од Комисијата за заразни болести ќе им се даваат упатства на производствените капацитети и на рестораните како да се подготвуваат за рестартирање на работата.