Home Актуелно Заев на Фејсбук: „Во самоизолација сум во Струмица – немам симптоми“

Заев на Фејсбук: „Во самоизолација сум во Струмица – немам симптоми“

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, се обрати до јавноста преку неговиот Фејсбук профил во врска со новонастанатата ситуација со неговата принудна самоизолација заради контакт со лице на кое му беше дијагностициран коронавирус.

„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на Ковид-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори“, напиша Заев на неговиот фб профил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…