Home Актуелно Заев и Мицкоски од денес во домашна изолација – еве за што се работи

Заев и Мицкоски од денес во домашна изолација – еве за што се работи

Челниците на двете најголеми политички партии во Македонија, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денес се ставени во домашна изолација. Ова за јавноста го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на обраќање утринава.

Тие се во задолжителна самоизолација откако и двајцата биле на гости во една телевизиска куќа каде што биле интервјуирани од новинар за кого тестовите покажале дека е позитивен на Ковид-19. Новинарот во овој момент е згрижен во ГОБ „Осми септември“ и е во стабилна состојба.

Тестот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бил негативен, а во текот на денот се чекаат резултатите и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…