Првиот мартовски ден времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и свежо, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 Целзиусови степени. Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. …