12 години затвор за Мијалков, 4 години затвор за Јанкуловска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


12 години затвор е казната која денеска му ја изрече Кривичниот суд на Сашо Мијалков, прогласувајќи го за виновен за незаконското масовно прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој, според пресудата е главниот организатор на прислушувањето, за што имал можност и моќ.

Мијалков се гонеше за три кривични дела, односно за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ за „Злосторничко здружување“ и за „Примање награда за противзаконито дејствување“, или единечна казна за сите три дела од 12 години.

Сепак казната набрзо ќе му се намали, бидејќи едно од делата му застарува за еден месец. Еве ги целосните пресуди за сите обвинети во случајот.

Сашо Мијалков – 12 години затвор ( му се смета и времето поминато во затворски и во куќен притвор)

Гордана Јанкулоска – 4 години затвор

Горан Грујевски – 15 години затвор

Никола Бошковски – 15 години затвор

Надица Николиќ – 3 години затвор

Тони Јакимовски – 6 години затвор

Владимир Варелов – условна осуда од 2 години

Маријан Шумуликоски – условна осуда од 2 години

Силвана Златова –условна осуда од 2 години

Васко Исакоски-условна осуда од 2 години

Валентина Симоноски-условна осуда од 2 години

Одлуката ја донесе донесе петчлениот судечкиот совет во состав од Џенета Бектовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор и тројца поротници.

Пресудата е првостепена и странките (обвинителството и одбраната) имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Сите обвинети, освен бегалците Грујевски и Бошковски, дојдоа да ја слушнат пресудата во судница.