Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Варијантата Омикрон ќе се шири, најверојатно, на меѓународно ниво, што би можело да претставува „многу висок“ глобален ризик, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Но, како што се нагласува во најновото соопштение, сè уште не е јасно дали Омикрон е попренослив ( полесно се пренесува од човек на човек) во споредба со останатите варијанти, вклучително и Делта.
Бројот на луѓе заразени со оваа најнова варијанта не е зголемен во делови на Јужна Африка каде истата е откриена, a во тек се епидемиолошки студии за да се разбере дали тоа е токму поради Омикрон или и поради други фактори.
– Омикрон има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата, нагласуваат од СЗО.
„Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон се оценува како висок“, додаде СЗО.
Првата препорака до земјите-членки на оваа организација е да ги прилагодат „мерките за меѓународно патување“, а наскоро ќе бидат издадени подетални упатства.
СЗО ги охрабрува земјите да придонесат за собирање и споделување на податоци за хоспитализирани пациенти преку Платформа за клинички податоци на СЗО COVID-19 за брз опис на клиничките карактеристики и исходите кај пациентите.