Овие се најмоќните светски брендови според „Brand Finance Global 2019“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според најновиот извештај за моќта и влијателноста на брендовите во светски рамки, Brand Finance Global 2019, кој беше претставен на скоро завршениот светски економски форум во Давос, автомобилскиот гигант „Ферари“ повторно доминира на тронот на оваа листа.

Според „Brand Finance“, која ја мери вредноста на 500. најголеми светски брендови, е наведено дека „Ферари“ во текот на минатата година во категоријата Индекс на сила на брендот (БСИ) го подобрил својот рејтинг за три поени, од 91,5 на 94,8 од можни 100. Така, „Ферари“ ги претекна „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Лего“ и „Дизни“.

Гигантот меѓу автомобилските брендови титулата за најмоќен светски бренд последен пат ја доби во 2014 година.

Кога станува збор за топ листа според вредност на брендовите, на врвот на листата се наоѓа „Амазон“, со 187,9 милијарди долари (раст од 24,6 отсто во споредба со 2018 година), на второто место е „Епл“ со 153,6 милијарди долари (5,0 отсто) и на третото е „Гугл“ со 142,7 милијарди долари (18,1 отсто).

„Мајкрософт“ се искачи на четвртата позиција, со вредност на брендот од 119,6 милијарди долари и го потисна „Самсунг“ на петтото место. Вредноста на брендот на овој јужнокорејски технолошки гигант е намалена за 1,1 отсто, на 91,3 милијарда долари.

Треба да се спомене и скокот на кинескиот „Хуавеи“, кој со раст на вредноста на брендот од 63,7 отсто, на приближно 62,3 милијарди долари, од минатогодишното 25. се искачи на 12. место.