Овие пет земји имаат најголеми резерви на злато во светот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Количината на злато со која во 2018 година светските моќни сили ги надополнија нивните златни резерви е второ највисоко ниво на резерви на злато на сите времиња, изјавиј Светскиот совет за злато.

Во однос на претходната 2017, во 2018 националните банки купувале толку злато што е забележан скок од дури 74 отсто.

5. Русија

Во текот на изминатите шест години Централната банка на Русија купувала големи количества злато. Во 2017 година ја истисна Кина од листата на петте најголеми сопственици на златни резерви.

Минатата година Русија стана водечки светски купувач на злато со нето купување од 651,5 метрички тони. Централната банка на Русија во февруари ги зголеми девизните резерви за 31,1 тон злато, зголемувајќи ги резервите на благородниот метал на 2.149 тони.

4. Франција

Во Париз наводно има 2.518 тони злато, што е околу 60 отсто од вкупните француски девизни резерви.

Француската опозициска политичарка Марин ле Пен во повеќе наврати повика на сопирање на продажбата на националното злато, како и за репатријација на сите француски златни прачки депонирани во странски држави.

3. Италија

Со 2.534 тони злато во својата каса, Италија се спушти на третото место на најголемите светски „чувари“ на златото.

Таа сума е речиси 70 отсто од девизните резерви на земјата. Според политиката која ја усвои Банката на Италија, златото е најбезбедната инвестиција во време на економски превирања и заштита од нестабилноста на американскиот долар.

2. Германија

Германската Бундесбанк во моментов поседува 3.483 тони злато, што е повеќе од 70 отсто од германските девизни резерви.

Банката се обидува да репатрира околу 674 тони злато кои ги чуваат централните банки на Франција и САД. Се очекува репатријацијата на златото на земјата да заврши до 2020 година.

1. Соединетите Американски Држави

Вашингтон наводно ги има најголемите светски златни резерви од 8.407 тони. Тоа е повеќе од 75 отсто од националните девизини резерви.

Американски Фед не е толку активен во купувањето на златото како другите земји, за да спречи девалвација на доларот.