Home Актуелно Бившиот телохранител од Мијалков кој беше во бегство се предаде на полицијата

Бившиот телохранител од Мијалков кој беше во бегство се предаде на полицијата

Драганчо Стоименов, попознат како Дацо Белски, бивш телохранител на Сашо Мијалков, по повеќе од два месеци бегство се предаде на кочанското обвинителство.

Тој во присуство на адвокат тој вчера се пријавил во Основното јавно обвинителство во Кочани.

Обвинителството останува на предлогот судијата во претходна постапка да му одреди мерка притвор, поради бегството но и да не ја попречува истрагата. 40-годишниот Стоименов од средината на Јануари е во бегство, откако во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани со пиштол пукаше во 33 годишниот Драган Здравев од Кочани познат како Дач.

Обвинителството по настанот му поднесе кривична пријава за обид за убиство, а Здравев тогаш со тешки повреди заврши во Клиничкиот центар во Скопје.

Стоименов или Дацо Белски не е непознат на македонската јавност, тој беше клучниот сведок во случајот Детонатор, а во кој за рекетарство, перење на пари, поставување на бомби и покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница, но и повод да се сменат вкупно 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот началник на СВР-Штип.

Осудените од кои дел и со доживотни казни затвор тврдеа дека се жртви на Стоименов. Токму во тој период на Стоименов беа поставувани и бомби под автомобилите, пукано со ловџиска пушка, а последен инцидент му беше и со Александар Василевски-Нинџа.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…