Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Играчот на Јувентус и италијанската репрезентација, Федерико Бернардески го промени својот агент.
Се случи нешто што е реткост во фудбалскиот свет – Мино Раиола добил отказ! Оваа информација ја потврди новиот агент на италијанскиот репрезентативец Федерико Пасторела.
„Горд сум што можам да објавам дека Федерико Бернардески потпиша договор со „P&P Sport Management“! Тоа требаше да се случи нешто порано, но за нешто добро понекогаш потребно е трпение“, објави Пасторела.
Бернардески кариерата ја започна во Фиорентина, а во 2017 година стигна во редовите на „старата дама“. Како играч на Фиорентина во сезоната 2013/2014 беше позајмен во Кротоне. Неговиот договор со Јувентус истекува на крајот на актуелната сезона.