Заев на средба со Гаши придружуван од Димитар Ковачевски – дали тој ќе биде негов заменик на премиерската функција?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Клубот на пратеници започна средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Заев на средбата е придружуван до заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски. Вчера ТВ 21 од извори блиски до премиерот објави дека новиот мандатар и наследник на Заев ќе биде личноста која ќе седи до Заев на средбата со Гаши.

Средбата следува откако пред неколку дена Заев упати покана до Гаши за разговор по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата.

Тема на разговор на средбата ќе биде можниот влез на Алтернатива во владината коалиција.

Доколку во мнозинството остане и пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој оневозможи гласање недоверба на Владата, тогаш со евентуалниот влез на Алтернатива мнозинството би изнесувало 64 пратеници.