Home Спорт Ова е јако: Бернардески му стегна отказ на Мино Раиола

Ова е јако: Бернардески му стегна отказ на Мино Раиола

Играчот на Јувентус и италијанската репрезентација, Федерико Бернардески го промени својот агент.

Се случи нешто што е реткост во фудбалскиот свет – Мино Раиола добил отказ! Оваа информација ја потврди новиот агент на италијанскиот репрезентативец Федерико Пасторела.

„Горд сум што можам да објавам дека Федерико Бернардески потпиша договор со „P&P Sport Management“! Тоа требаше да се случи нешто порано, но за нешто добро понекогаш потребно е трпение“, објави Пасторела.

Бернардески кариерата ја започна во Фиорентина, а во 2017 година стигна во редовите на „старата дама“. Како играч на Фиорентина во сезоната 2013/2014 беше позајмен во Кротоне. Неговиот договор со Јувентус истекува на крајот на актуелната сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…