Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Научниот институт „Пол-Емиле Виктор“ распиша конкурс за 40 работни места распоредени во 6 бази на Арктикот и Антарктикот. За конкурентност во распишаниот оглас потребно е да знаете француски јазик, а меѓу струките кои се бараат се и хемичари, столари, пекари и слаткари.
„Научниците секогаш ни се јавуваат, но нам многу ни фалат механичари и други занаетчии“, вели еден од секторските директори во Институтот „Андре ле Марек“. Тој би сакал во нивните поларни бази да има повеќе жени. Сега се само 6 од вкупно 30 луѓе.
Потенцијалните кандидати треба да поминат и ригорозен здравствен преглед. Мора да бидат телесно подготвени за таков вид мисија, а и психолошки подготвени за живот во мали групи на изолирани подрачја во услови кои понекогаш можат да бидат екстремни.
На пример, во базата „Конкордија“ на Антарктикот во зима температурите можат да паднат и до минус 80 Целзиусови степени. На огласот за работа стои: „Во зима нема враќање во татковината“.
„Конкордија“ е една од трите постојани научни бази во внатрешноста на Антарктикот. Но, не во сите бази температурите се екстремни, во некои налето може да се работи и по маица.