Откриено кога ќе биде претставен Роналдо на „Јувентус Стадиум“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Торино се е подготвено за пристигнувањето на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид.

Италијанските медиуми денес го открија датумот кога Кристиано Роналдо ќе биде официјално претставен на „Јувентус Стадиум“.

Според медиумите на Апенините тоа ќе се случи во сабота, на 7-ми јули, кога се очекува Роналдо да пристигне во Торино.

Трансферот на Роналдо во Јувентус е само прашање на време, а тоа денес го потврди и „Марка“, како и португалските медиуми.

Директорите на Јувентус во моментов се во Мадрид каде се договараат последните детали. Роналдо ќе потпише 4-годишен договор со „старата дама“, според кој ќе заработува 30 милиони евра по сезона.