Откриени детали од пештерата во која беа заглавени тајландските момчиња и тренерот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во изјава за ВВС, првиот човек на акцијата за спасување на децата и фудбалскиот тренер од пештерата на Тајланд, Арпакон Јуконгкаев, зборуваше за начинот и препреките на неколкудневната спасувачка акција, а откри и детали од тоа што се случувало во пештерата додека таму биле заглавени тајландските момчиња и ниниот тренер.

Тренерот и 12. деца поминаа 18 дена без храна и светлина во пештерата која беше поплавена од монсунски дожд. Сите се спасени, а Јуконгкаев вели дека голема заслуга за тоа има самиот 25-годишен тренер.

„Среќен сум и верувам дека и народот на Тајланд е исто така среќен. Од првиот ден од кога дознавме дека се заглавени и кога нашата единица беше одредена за спасувачката мисија, имавме неколку препреки зашто нивото на водата постојано растеше. Не мислевме дека мисијата ќе биде успешна. Имавме малку надеж дека тие можеби се уште се живи, моравме да продолжиме понатаму“, вели тој.

Според него, на крајот зрното надеж стана реалност.

„Морам да кажам дека се помина добро, сите се во добра состојба. Колку слушнав, користеле камења за да копаат тунел каде што би им било потопло. Она што знам е дека тренерот бил монах, така што знае добро за техниките на медитација и оти таа техника ја користел за да ги смири децата и да штедат воздух“, посочува Јуконгкаев.

Ја делеле храната која ја понеле во пештерата.

„Едвај спиевме, бидејќи во пештерата поминуваме по 22 часа, кога се вративме имавме само неколку часа за сон. Моравме многу да мислиме за тоа како да се бориме со различните елементи“, рече тој.

Контраадмиралот говореше и за Саман Гунану, нуркачот кој во акцијата го загуби животот. Беше во морнарицата, но е пензиониран неколку години. За спасувачката мисија се пријави доброволно.

„Мисијата беше многу ризична. Нуркање во услови кои никогаш претходно не сме ги виделе. Сметам дека беше многу пожртвуван. Луѓето на Тајланд, но и ширум светот многу го почитуваат. Ние не сме херои. Го работиме само она што е во наша моќ, но една работа која не можеме да направиме е да ги изневериме луѓето“, нагласи тој.

Според она што другите спасувачи го разкажаа за „Гардијан“, акцијата за спасување на 12. деца и нивниот тренер за малку ќе завршела трагично.

Тие рекле дека пумпите за вода неколку часа по извлекувањето на последното дете нагло престанале да работат.

Спасувачите во тој момент биле оддалечени на 1,5 километри од излезот од пештерата, кога главната пумпа престанала да работи. Поради тоа во пештерата дошло до нагло растење на нивото на водата.

Тројцата спасувачи од Австралија кои се наоѓале во пештерата изјавиле дека потоа слушнале врескање и виделе факели длабоко во пештерата, односно работници кои се обидувале да дојдат до сув дел.

Во пештерата тогаш имало повеќе од 100 спасувачи и работници. За среќа, успеале на време да излезат.