Отказ за Мел Гибсон поради навредливи коментари упатени кон Винона Рајдер пред 25 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Netlfix му даде отказ на Мел Гибсон кој нема да се појави повторно во улогата за која го позајми гласот во долгоочекуваното продолжение на Netflix на Chicken Run, велат извори блиски до продукцијата.

Одлуката следува откако Винона Рајдер го обвини 64-годишниот актер и режисер за антисемитски забелешки на забава во 1995 година. „Бевме на забава со еден од моите добри пријатели и Мел Гибсон пушеше цигара“, изјави 48-годишната актерка за „Сандеј Тајмс“.

Таа додаде дека некој ја покренал темата за еврејската вера, а Гибсон се приближил до неа и ја прашал дали и таа избегала од рерната, што било очигледно алудирање за начинот на кој биле запалувани еврејските затвореници во нацистичките логори на смртта.

Рајдер тврди дека на истата забава, Гибсон ја прашал нејзината геј пријателка дали сега ќе добие СИДА од неа. Таа додаде дека тој подоцна се обидел да се извини за неговите навредливи изјави.

Претставниците на Гибсон ги негираа нејзините обвинувања во „Пост“. „Ова не е 100% точно“, рекоа тие, тврдејќи дека Винона Рајдер исто така лажела во написот за GQ во 2010 година, кога за прв пат го спомнала наводниот инцидент.

Но, во денешното соопштение за „Variety“, Рајдер застана зад нејзините тврдења. „Верувам во каење и прошка и се надевам дека г-дин Гибсон најде здрав начин да се справи со своите демони, но јас не сум еден од нив“.

Гибсон за прв пат бил обвинет за антисемитски коментари во 2006 година, кога бил запрен за возење под влијание на алкохол во близина на Малибу. „Евреите се одговорни за сите војни во светот“, и рекол на полицајката.

Најголемиот инцидент на Гибсон датира од 2010 година, кога се појавија снимки на мизогинистички и расистички коментари направени од неговата поранешна девојка Оксана Григориева. „Ако сте силувани од група црнци, ќе се обвинувате себеси“, е еден од цитатите. Григориева исто така тврдела дека тој ја удрил неколку пати по главата.

Таткото на Мел Гибсон, Ред Гибсон, некогаш во интервју го нарекол холокаустот фикција.

Во Chicken Run (2000), Мел Гибсон му го позајми гласот на Роки Петелот.

Продукцијата на продолжението на анимираниот филм е предвидено да започне следната година.