На Рон Џереми „му висат“ 90 години затвор: Порно актерот обвинет за силување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Култниот лик од светот на порно индустријата, порно актерот Рон Џереми,  е обвинет за силување на три жени и за сексуален напад врз уште една, објавија обвинителите.

Тој наводно ги извршил овие напади во периодот од 2014 до 2019 година, а жртвите имале меѓу 25 и 46 години. Доколку биде прогласен за виновен по сите обвиненија, 67-годишниот актер може да се соочи со 90 години затвор.

Џереми е обвинет дека силувал 25-годишна жена во куќа во Вест Холивуд, а останатите напади се случиле во бар во истата населба во Лос Анџелес. Џереми вчера првпат се појави во суд и обвинителите побараа кауција од 6,6 милиони долари.

Џереми е едно од најголемите имиња во порноиндустријата и во кариерата која почна во 1970-ите има снимено повеќе од 2.000 филмови.