Научни докази дека на Плутон постои смрзнат океан каде некогаш имало живот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најновите научни истражувања дојдоа до сознанија и докази дека замрзнатата џуџеста планета Плутон веројатно првично била жежок свет со огромен подземен океан на проточна вода во која можеби се развил биолошки живот.

До сега, Плутон се сметала за огромна грутка мраз што е заштитена од зрачење заради голема оддалеченост од Сонцето. Но, новите докази сугерираат дека вселенското тело некогаш имало течен океан – што сè уште може да биде под замрзнатата површина, пишува Futurism.

„Дури и во оваа студена околина, далеку од Сонцето, овие светови би можеле да се формираат како топли и со течни океани“, изјави Карвер Биерсон од Универзитетот „Санта Круз“.

“Научниците одамна ја разгледуваа термичката еволуција на Плутон и можноста неговиот океан да преживее до денес. Сега, кога имаме слики од површината на Плутон снимени од вселенското летало на НАСА, можеме да го споредиме она што го снимивме со предвидувања за различни модели на термичка еволуција”, изјави коавторот на истражувањето, планетарниот научник Френсис Нимо од Универзитетот Санта Круз.

Моделите покажале дека површината на Плутон во случај на „студена еволуција“, односно ако било ладно вселенско тело од самиот почеток, ќе изгледала сосема поинаку отколку во случајот на „топла еволуција“.

„Ако првично се формираше како ладно тело во кое мразот се стопил внатре, Плутон ќе се смалуваше, а на неговата површина требаше да видиме карактеристични траги на компресија. Но, ако првично била жешка планета, ќе се прошири откако ќе се замрзне океанот и треба да видовме траги на експанзии на нејзината површина “, објасни Биерсон.

„На површината на Плутон, гледаме многу докази за проширување, но не гледаме никакви траги на компресија, така што набљудувањата покажуваат дека Плутон првично имал океан“, додаде тој.

Дали Плутон останал доволно топол и го зачувал течниот океан е сосема друго прашање.

„Самиот начин на формирање на Плутон е клучен за развојот на неговата термичка еволуција. Ако се формирал многу бавно, топлиот материјал на површината ја ослободил целата своја енергија во вселената.” вели Нимо.

Студијата наречена Evidence for a hot start and early ocean formation on Pluto е објавена во понеделникот во списанието Nature Geoscience.