Оскаровско „ѕвекање“ текила од микрофон – вака го прават тоа ѕвездите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Официјалното доделување на најпрестижните филмски награди Оскар, секоја година донесуваат низа интересни, откачени, забавани и забегани моменти кои се случуваат во „времепросторот“ меѓу формалноста, драмата и тенденциозноста на сцената.

Годинава, покрај коментарите за тоалетите и накитот на холивудските ѕвезди, шоуменот Гиљермо Родригез воведе нов натпревар во пиење текила. Родригез на црвениот тепих успеа да прошверцува текила и тоа во садови во облик на микрофон, женска чантичка и некои други форми.

„Еве зборувај со мојот пријател Мајк”, рече Родригез и и го понуди лажниот микрофон прво на Шарлиз Терон. Оскаровката без многу размислување го зеде микрофонот и добро отпи од него.

Нејзината 73 годишна колешка, Хелен Мирен на почетокот беше воздржана, но Родригез ја опушти кога и даде текила од свечена женска торбичка.

„Океј, ама нема да пијам пред камери”, рече Мирен , се заврте од камерите и набрзина се напи од ташничката. „Ова беше добро!” , искоментира таа.

Меѓу другите, од текилата се напија и Виго Мортенесен, Алисон Џенеј, Чедвик Боузман, како и Питер Ферели, а одби да се напие само Ричард Е. Грант, со објаснување дека пие само вода , зашто е алергичен на алкохол.