Ориѓански: На денешен ден, во 5 наутро, го завршивме снимањето на музиката за „Пред дождот“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според сеќавањата и дневничките записи на Златко Ориѓански, како што открива самиот преку Фејсбук статус, на денешен ден е завршено снимањето на денес култната филмска музика за познатиот македонски филм на Милчо Манчевски, „Пред дождот“.

„На денешен ден, пред многу години, во пет часот наутро, беше завршено снимањето на музиката за Пред дождот. Македонија доби пример за сите области, како се прави тоа на светски начин. Тројцата, преморени и раскантани од неспиење, уверени дека сме ја направиле најлошата музика на свет, седевме на клупа на плоштад, молчевме, пушевме и гледавме луѓе како одат на работа (така кажува мојот дневник)“, напиша на Фејсбук музичарот Ориѓански.