Операција на коленото ќе оддалечува Федерер од тениските терени до јуни


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


38-годишниот Роџер Федерер, моментално трет најдобар рекет на светот, изјави дека бил подложен на операција на десното колено, поради што ќе биде надвор од терените околу четири месеци.

„Ме мачеше веќе некое време. Се надевав дека болката ќе замине, но по прегледот и консултацијата со тимот, решив да се подложам на артроскопска операција што беше направена вчера во Швајцарија. По неа, лекарите потврдија дека ова е вистинската одлука. Тие се сигурни во целосно закрепнување“, напиша Федерер на социјалните мрежи.

Федерер ќе ги пропушти турнирите во Дубаи, Индијан Велс, Мајами, Ролан Гарос, како и ревијалниот меч во Богота. За ова време, тој ќе изгуби 45 проценти од рејтингот.