Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Оливер Кан призна дека можел да се пресели во Манчестер Јунајтед во 2003 и 2004 година, но го одбил Алекс Фергусон.
Фергусон инистирал на неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ и имале неколку разговори, но на крајот Германецот ја одбил понудата и решил да остане во Баерн.
„Фергусон е се уште лут на мене! Сметаше дека моето место е во Манчестер Јунајтед во 2003 и 2004 година. Меѓутоа, за мене тогаш Баерн беше најважното нешто на светот и ништо друго не ме интересираше“, откри Кан.
Кан го бранеше голот на Баерн Минхен од 1994 до 2008 година, каде и ја заврши кариерата.