Home Спорт Ол-стар: Изненадивачки победник во тројки, Робинсон нов крал на забивањата!

Ол-стар: Изненадивачки победник во тројки, Робинсон нов крал на забивањата!

Титулата најдобар тројкаш на Ол-стар викендот во Њу Орлеанс покрај сите очекувања на освои Ерик Гордон од Хјустон Рокетс. Тој направи изненадување и по продолжението во финалето го победи Кајри Ирвинг.

До титулата, тој мораше да стигме преку продолженија, откако во финалната серија имаше 20 поени, исто колку и Кајри Ирвинг од Кливленд.

Во додатната рунда, Ирвинг застана на 19 поени, а Гордон забележа 21 и стана првиот играч на „Ракетите“ кој победил во натпреварот во шутирање тројки.

Што се однесува до забивањата победник е кошаркарот на Индијана, Глен Робинсон, но овој Ол-Стар ќе биде запаметен како еден од полошите кога се забивањата во прашање.

Во натпреварот во забивање учестуваа Глен Робинсон, Дерик Џоунс Јуииор, ДеАндре Џордан и Арон Гордон, кои не понудија многу атракција и ја разочараа присутната публика и ТВ гледачите.

Глен Робинсон од Индијана стигна до победата. Неговото последно забивање за кое доби 50 поени од судиите беше една од малкуте светли точки на вечерта.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…