Официјално: Рамос нема да биде казнет за повредата на Салах


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос нема да добие дополнителна санкција после дуелот и повредата на Мохамед Салах во финалето од ЛШ.

Причината е едноставна, од Ливерпул не испратиле жалба до УЕФА. Поради тоа Европската куќа на фудбалот денес официјално потврди дека нема да биде отворена дисциплинска постапка против Рамос.

Меѓутоа, против Рамос имало друга жалба, за удар со лакт во лицето на Лорис Кариус во 49-та минута. Меѓутоа, таа жалба нема да биде разгледана, што значи дека шпанскиот дефанзивец нема да добие никаква казна.

Се претпоставува дека УЕФА ја одбила жалбата како неосновата поради фактот што Ван Дијк го турка Рамос од зад грб, со што Шпанецот е извдаен од рамнотежа.