Home Спорт Официјално потврдено: Вујовиќ е нов тренер на Вардар

Официјално потврдено: Вујовиќ е нов тренер на Вардар

Веселин Вујовиќ и официјално е претставен како нов тренер на Вардар.

Оваа информација долго време се најавуваше, а денес на прес-конференција на која присуствуваше и претседателот на клубот Михајло Михајловски беше потврдена.

За Вујовиќ ова е враќање во Вардар после пауза од осум години. Првпат Вардар Вујо го веше од 2011 до 2013 година.

Вујовиќ во Вардар доаѓа на местото на Стевче Алушовски кој со црвено-црните освои двојна круна во изминатата сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…