Винслет го смени ставот кон голотијата на филм: „Веќе не ми е пријатно да го правам тоа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мислам дека деновите на голотијата ми се избројани“, изјави славната холивудска актерка Кејт Винслет за Њујорк Тајмс.

„Едноставно, веќе не ми е пријатно да го правам тоа. Не е навистина во прашање возраста, туку луѓето ќе речат: О, еве ја повторно”, додава актерката.

Таа моментално ја има улогата на Мер во серијалот Mare of Easttown, а таму е гола во некои сцени.

„Во првата епизода, Мер има секс на каучот. Потоа го прашав мојот сопруг дали е во ред да глумам средовечна жена која е баба и навикната да има авантури за една ноќ”, рече Кејт.

Винслет никогаш порано немала проблем да се разголи пред камерите. Во далечната 1997 година, таа се соблече во филмот Титаник, кога беше изречена нејзината позната реченица: „Нацртај ме како една од твоите Французинки“